Поранешниот младински репрезентативец на Македонија, Андреј Цветсковски ќе ги разигрува гостиварци во новата сезона. 25-годишникот на Гостивар му се приклучува од тимот на Еуро Никел каде што ги започна подготовките за новата сезона.
Претходната сезона Цветсковски ја започна во тимот на Куманово каде на пет одиграни средби бележеше просек од 4.0 поени во домашното првенство, и 5.2 поени во БИБЛ лигата на шест натпревари. По заминувањето од „сино-белите“ се приклучи на тимот на Вардар каде одигра само еден натпревар.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА