Андреја Ефремов промовиран во Влазнија

Македонскиот голман Андреја Ефремов е нов член на албанскиот клуб Влазнија Скадар на чие кормило се наоѓа поранешниот селектор на националниот тим, Мирсад Јонуз. Тој ќе ја засили конкуренцијата на голманската позиција откако се раздели со македонскиот прволигаш Силекс.

Ефремов претходно беше интернацоналец и во Бугарија (Локомотив Софија) и во Португалија (Фамаликао), а во Македонија настапуваше и за Металург, Работнички и за Ренова.

Се вчитува...