Андрија Мандиќ е нов ракометар на Голден Арт КЛ7 (ФОТО)

Андрија Мандиќ е нов ракометар на Голден Арт КЛ7, објави клубот. Младиот ракометар кој веќе одработи неколку тренинзи со тимот стави и потпис со скопскиот тим за официјализирање на соработката.

Мандиќ кој игра на левата бековска позиција е поранешен играч на битолски Работник, Пелистер и Металург и се очекува да биде големо засилување за престојната сезона.

Се вчитува...