Нашата најдобра атлетичарка на долги патеки, Адријана Поп Арсова со остварен критериум преку ранкгинг системот на светска атлетика, се пласираше меѓу најдобрите 100 атлетичарки во светот во дисциплината маратон и со тоа таа обезбеди настап на своето трето последователно Светско првенство.
Адријана е првата атлетичарка во македонската историја што ќе настапи на три светски првенства по ред (Орегон, Будимпешта, Токио) од кои на две првенства со исполнет критериум за учество.
На СП во Токио Македонија ќе го има и Дарио Ивановски кој исто така избори пласман за настап на маратонската трка.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА