Една од најдобрите македонски одбојкарки Андротеа Милевска е пред извонреден трансфер во редовите на романскиот суперлигаш ЧСМ Букурешт.
19-годишната Милевска која беше една од најзаслужните за освоената годинашна титула на ОК Работнички, а се поотворено веќе се наметнува и како носечка алка во играта на македонската репрезентација има отворена понуда за трансфер во еден од најдобрите романски клубови.
Романците веќе испратиле официјална понуда за ангажман на Милевска кој се очекува да се заокружи по крајот на Медитеранските игри каде во моментов македонската одбојкарка е со националната селекција.
Милевска во ЧСМ Букурешт оди на инсистирање на српскиот стратег Бранко Гајиќ кој го предводи тимот. Романската женска одбојкарска лига е во Топ 5 лиги во Европа.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
