Анегдота на Галијани: Се опивме со Капело и го загубивме пехарот во ЛШ

Поранешниот директор на Милан, Адријано Галијани, откри интересна анегдота по финалето од ЛШ во 1994 година, кога заедно со тренерот Фабио Капело го загубиле освоениот пехар. Причина – многуте испиени шишиња вино по големиот успех во финалето.

„Росонерите“ во Атина ја декласираа Барселона со 4-0, а славјето траело до раните утрински часови.

„Капело и јас останавме до доцна, или подобро кажано до рано наутро наредниот ден. Испивме многу шишиња вино и го заборавивме пехарот. Кога се освестивме почнавме да го бараме насекаде, на крајот го најдовме во ѓубрето, најверојатно некој од послугата го фрлил. Го однесов во мојата соба, го оставив крај креветот и заспав. Се уште помнам, следниот ден и кажав на сопругата дека тоа ми било најубавото спиење во животот“ – истакна Галијани.

Се вчитува...