Ањели: Италијанецот Колина ги уништува италијанските клубови во Европа

Претседателот на Јувентус, Андреа Ањели, беше бесен на судиската одлука за пенал во последната минута со која неговиот тим беше елиминиран од Реал Мадрид во четвртфиналето од Лигата на шампионите. Тој директно го нападна сонародникот Пјерлуиџи Колина, гласно прашувајќи како може да продолжи да ги уништува шансите на италијанските клубови во европските натпреварувања.

Колина е задолжен за делегирање на судиите на европските натпревари, а Ањели има сериозни замерки за неговата работа.

„Сведоци сме на бројни ситуации на мечеви на италијански клубови, фаулот над Квардадо, пеналот на Арсенал со Милан, ова што ни се случи денес – сево ова се докази дека апсолутно ни е неопходен ВАР во Лигата на шампионите. Сепак, една работа не можам да разберам, од некоја причина човекот задолжен за делегирање на судии, упорно става арбитри кои се против италијанските клубови. А тој е Италијанец. Не е само Јуве, не се свиреа пенали за Рома против Барселона, смешно беше она на дуелот Арсенал – Милан…“ – изјави Ањели.

Се вчитува...