Ањели категоричен: Маркизио ќе остане во Јувентус до крајот на кариерата

Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри, најави дека следната сезона нема да има место за Клаудио Маркизио во составот на „старата дама“, но ’вето’ на негово заминување стави претседателот Ањели. „Малиот принц“ е во Јувентус од својата деветта година, со исклучок на една сезона кога беше позајмен во Емполи, и има договор до 2020 година. Алегри смета дека тој нема да може да добие соодветна минутажа следната сезона, но и покрај тоа фудбалерот сака да остане и да се бори за место во составот.

На крајот интервенираше претседателот Ањели и истакна дека Маркизио може да остане во клубот до крајот на својата кариера, се разбира, доколку има желба за тоа. Тој во моментов е на одмор во Хонг Конг, има понуди за продолжување на кариерата во САД и во Кина, но едноставно сака да остане во Јувентус. Маркизио е симбол за верност на Јувентус, и оваа одлука на раководството на клубот навистина им се допадна на навивачите.

Се вчитува...