Ањели се налути: Сари пред отказ во Јувентус!

Јувентус се засили во текот на летово, но „старата дама“ игра многу послабо во однос на претходните сезони. Последниот неуспех во Верона придонесе Јуве да ја загуби предноста од три бода што ја имаше пред Интер, а згора на тоа и третопласираниот Лацио сега е само на еден бод заостанување зад водечкиот тандем.

Претседателот Андреа Ањели му даде целосна поддршка на директорот Паратичи при изборот на Маурицио Сари за нов тренер, но првиот човек на „црно-белите“ сега се кае. Тој отворено говорел за незадоволството од настапите на Јувентус, јавно предупредувајќи го Сари дека веќе нема простор за „кикс“, а нареден пораз до крајот на месецов би значел и добивање на отказ.

Јувентус го очекува полуфиналето од Купот на Италија против Милан, а потоа и дуели од „Серија А“ против Бреша и СПАЛ, по што на 26 февруари на програмата е и првиот осминафинален дуел од ЛШ против Лион. Барањето од Ањели до Сари е децидно – победи на сите натпревари за враќање на позитивната атмосфера во екипата во пресрет на големото дерби со Интер, закажано за 1 март во Торино. Доколку желбата на првиот човек на клубот не се исполни, лесно може да се случи Јуве во тој меч за титулата да влезе со нов тренер.

Во прилог на Ањели оди фактот дека слободен на пазарот е Маурицио Покетино, кој минатото лето го одби Јувентус за да остане во Тотенхем, но сега би можел експресно да го преземе кормилото на „старата дама“.

Се вчитува...