Ањели: Суперлигата е неизбежна, на европскиот фудбал му се неопходни промени

Андреа Ањели не престанува да сонува за Суперлигата. Напротив претседателот на Јувентус продолжува со својот план за создавање на првенство на „кремот“ на европскиот фудбал, а вели и дека формирањето на истото е неизбежно.

Имено, на „Бизнис Фудбал“ самитот во Лондон првиот човек на „старата дама“ изјави дека мора да се направат промени во европскиот фудбал и повеќе нема место за компромис.

„Суперлигата не е пропаднат проект. По мое мислење европскиот фудбал мора да претрпи промени. УЕФА знае дека јас како претседател на Јувентус работам на нешто друго. Суперлигата се создаде како колектив од 12 клуба и истите се обврзани за договорот. Компромисот повеќе не е опција, ни требаат големи реформи“, вели Ањели.

За новата идеја на Андреа Ањели денеска говореше и првиот човек на УЕФА, Александар Чеферин кој Италијанецот го спореди со Владимир Путин.

Се вчитува...