Ањели: Суперлигата не е „мртва“, телефоните постојано ми ѕвонат – се јавуваат се повеќе клубови што сакаат да играат

И покрај тоа што, по откажувањето на англиските клубови, е одложен стартот на функционирањето на новата европска Суперлига, сепак еден од главните „заговорници“, претседателот на Јувентус, Андреа Ањели вели дека интересот за оваа лига расте токму актуелниве денови.

„Суперлигата е еден одличен проект. Тоа го знаат сите. Затоа што се работи за спас на фудбалот. А, колку сме во право говори и тоа што во последните 24 часа телефонот не престана да ми ѕвони. Не сакам да откријам колкав број на нови клубови, и кои се тие, за да не им направам проблем со притисоци од УЕФА се јавија и прашаа што треба да направат за да играат во Суперлигата. Ви гарантирам дека Суперлигата ќе профункционира. Тоа е процес кој не може никој да го запре“ – вели Ањели.

Поради огромните притисоци од фановите, УЕФА и многу фудбалски работници, голем дел од клубовите отстапија од Суперлигата само 48 часа откако беше објавен нејзино формирање. Реал Мадрид, Барселона и Јувентус се единствените од првичните 12 кои останаа доследни и не се откажаа од својата идеја.

Се вчитува...