Ангелов и Бајрами донесоа триумф за Шкупи во Анталија

Македонскиот прволигаш Шкупи ја оствари првата победа на подготовките во Анталија совладувајќи романскиот тим Политехника Јаши со 2-1 (1-1). Тимот од Чаир поведе со голот на Виктор Ангелов во шестата минута од натпреварот, но Политехника успеа да израмни преку Бурлаку до крајот на првиот дел.

Шкупи дојде до триумфот со голот на Бајрами во 60. минута. Наредниот тест на чаирчани е против унгарскиот клуб МТК.

Се вчитува...