Ангелов: Мора да дојде крај на кризата на Шкупи

Далеку под очекувањата, без ниту еден триумф а со само два освоени бода во првите пет кола, Шкупи ја почна новата сезона во Првата македонска фудбалска лига. Денеска, во 6. коло чаирчани на домашен терен ја пречекуваат Македонија ЃП посакувајќи да дојдат до првата победа.

Не е тајна дека во редовите на Шкупи веќе постои сериозна загриженост по очајниот старт, па токму денеска веруваат дека ќе биде ставена точка на резултатската криза…

„Имаме навистина одлична атмосфера во тимот, функционираме како семејство, но ете наш најголем проблем е тоа што никако не успеваме да стигнеме до првата победа сезонава. Целата концентрација на сите во тимот секако е како да се подобрат резултатите. Денеска не очекува дуел со Македонија ЃП, знаеме дека ќе биде биде тежок натпревар но веруваме во нашиот квалитет, веруваме дека можеме до првиот триумф сезонава“ – вели офанзивецот на Шкупи, Виктор Ангелов.

Стратегот на Шкупи, Хајат Сојдаш за дуелот нема да може да смета на Бесарт Кривањева а сите останатите фудбалери се на располагање. Главен судија на мечот ќе биде Димитар Мечкаровски.

ПМФЛ – 6. КОЛО (денеска, 15:30 ч.)

Тетово: РЕНОВА – БЕЛАСИЦА

Кратово: СИЛЕКС – ШКЕНДИЈА

Битола: ПОБЕДА – АК. ПАНДЕВ

Скопје: ШКУПИ – МАКЕДОНИЈА ЃП

ВЧЕРА

РАБОТНИЧКИ – ВАРДАР 0-2

Standings provided by Sofascore LiveScore

Се вчитува...