Ангелов: Нема друго, мора триумф против Победа

По незадоволувачкото издание против Силекс во Кратово на стартот од пролетната полусезона, фудбалерите на Шкупи денеска во 20. коло од ПМФЛ не размислуваат за ништо друго освен триумф против прилепска Победа.

„Ова е многу значаен натпревар за нас. Во Кратово одигравме под нашето ниво, не сме задоволно од тоа издание иако на крајот стигнавме до реми. Но, Шкупи е тим кој на секој натпревар атакува единствено на три бода. Така ќе биде и денеска против Победа на дуел на кој мора да одиграме најдобро што знаеме и безусловно да дојдеме до победата. Секако значајна за нас ќе биде и поддршката од трибините на свој терен“ – вели офанзивецот на чаирчани, Виктор Ангелов.

Стратегот на Шкупи, Умут Каран за дуелот со Победа нема да може да смета на Махарава Тандина кој уште чека на регистрација и на повредените Басилио Ндонг и Бесар Исени.

ПМФЛ – 20. КОЛО (денеска, 14 ч.)

Струмица: БЕЛАСИЦА – АК. ПАНДЕВ

Тетово: РЕНОВА – ВАРДАР

Скопје: РАБОТНИЧКИ – СИЛЕКС

Скопје: МАКЕДОНИЈА ЃП – ШКЕНДИЈА

Скопје: ШКУПИ – ПОБЕДА

Се вчитува...