Ангелов потпиша за поранешниот клуб на Седлоски

Македонскиот напаѓач Виктор Ангелов кариерата ја продолжува во шампионатот на БиХ, во дресот на Широки бријег, клуб каде до неодамна тренер беше Гоце Седлоски.

„Среќен сум што потпишав за Широки Бријег. И претходно, додека тренер беше Гоце Седлоски, беа водени разговори за моето доаѓање, сега само ја финализиравме соработката. Слушнав убави работи за клубот, запознаен сум со целите поставени пред Широки и дојдов овде да помогнам во нивното остварување“ – изјави Ангелов по потписот на договорот со прволигашот од БиХ.

Ангелов настапуваше за сите младински селекции на Македонија, а има одиграно и еден натпревар за „А репрезентацијата“. Тој има настапувано за екипите на Работнички, Тетекс, Металург, Ујпешт и Шкупи.

Се вчитува...