Ангеловски: Ако Фенербахче му даде полна доверба на Елмас, во иднина ќе добие вистински маестро на теренот!

Македонскиот фудбалски бисер Елиф Елмас очигледно полека го добива своето место во дресот на Фенербахче, веднаш по доаѓањето на Холанѓанецот Филип Коку на клупата на турскиот гигант.

Елмас ја добива полната доверба на Коку. Тоа веднаш се чувстува согласно настапите на пријателските натпревари, на трите досегашни тест дуели одигрувајќи вкупно 220 минути, и одлично издание против Фулам.

„Промената на тренерската позиција сигурно е од големо значење за Елмас, и тоа се гледа веднаш по доаѓањето на Коку. А, Елмас е значаен и за македонската репрезентација поради што е неопходно постојано да настапува како би бил ефективен и во националниот тим“ – вели македонскиот селектор Игор Ангеловски во изјава за турските медиуми, а прашан што мисли за статусот на Елмас во клубот но и да ги опише квалитетите на фудбалерот од средниот ред.

„Веруваме дека, и по овие почетни тест дуели, и во иднина комплетно ќе остане во првиот тим на Фенербахче… Елмас има идентитет на лидер. Токму поради тој идентитет и на толку млади години реализираше голем трансфер. Ако верува во него, Фенербахче ќе добие вистински маестро. Сигурен сум дека во иднина ќе биде вистинска ѕвезда на клубот. Само да му се даде полна доверба“ – вели Ангеловски.

 

Се вчитува...