Ангеловски: Австријците негуваат бундеслигашки стил, Ристовски е подготвен, Елмас неизвесен

Полска е заборавена и архвирана, а фудбалската репрезентација на Македонија се соочува со нов предизвик. Доаѓа Австрија и утрешната квалификациска пресметка е мошне значајна. Единствен проблем за селекторот Игор Ангеловски е повредата на Елиф Елмас.

„Австрија е квалитетна репрезентација, негуваат бундеслигашки стил, ја анализиравме нивната игра на последниот меч против Словенија (1-0), ние повторно ќе играме агресивно и офанзивно, со желба да стигнеме до триумф. Што се однесува до опциите, фудбалерите се желни да одиграат максимално квалитетно и веруваме дека ќе извлечеме позитивен резултат. Стефан Ристовски ќе биде подготвен за игра, со оглед дека се работеше само за грч, додека Елиф Елмас има оток на скочниот зглоб и 70% се изгледите дека нема да може да настапи. Но, не се откажуваме до последен момент“, изјави селекторот Игор Ангеловски на прес -конференцијата.

Се вчитува...