Ангеловски: Добивме неколку нови имиња…, се надевам ќе и се приклучиме на Австрија на ЕП

ЕКИПА во Виена,

Никола Ѓуровски

Македонскиот селектор Игор Ангеловски е задоволен од изданието на неговите избраници на претпоследниот квалификациски натпревар за пласман на ЕП 2020 и покрај поразот на гостувањето против Австрија во Виена. Ангеловски како позитивен го издвои фактот и дека добивме две-три нови имиња кои покажаа дека го заслужуваат репрезентативниот повик.

„Во првото полувреме Австрија беше подобра, поведе брзо со гол кој не смеевме да го примиме. Но во вториот дел мислам дека Македонија беше сосема рамноправна на моменти и подобра, иако Австрија поведе брзо и со 2-0. Покрај голот имавме уште две-три одлични шанси. Добивме неколку нови имиња кои потврдија дека заслужуваат да бидат дел од националниот тим. Го посакуваме третото место, треба да ја победиме квалитетната селекција на Израел, но мислам дека наградата ќе биде пласман на ЕП преку Лигата на нации, ако успееме во тоа. Имавме многу проблеми, повреди пред почетокот на подготовките, Трајковски се повреди прва минута, а на полувреме и Младеновски се пожали на препоните“ – истакна на прес-конференцијата Ангеловски притоа завршувајќи:

„Честитки за Австрија, да се надеваме дека и ние ќе им се придружиме на ЕП, тоа е нашата цел“.

Се вчитува...