Ангеловски: Елмас може да биде новиот Пандев во репрезентацијата

Македонскиот селектор Игор Ангеловски не го крие задоволството од се поголемиот напредок што Елиф Елмас го бележи во дресот на Наполи. Во изјава за „наполитанските“ медиуми Ангеловски го пофали Елмас, порачувајќи дека „дијамантот“ има потенцијал да го наследи Горан Пандев во улогата на лидер на нашиот национален тим.

„Се слушнав со Елиф по финалето од Купот на Италија, тоа беше многу важно за него, прв трофеј во италијанскиот фудбал. Паузата поради коронавирусот не остави трага, тој продолжи со добри игри. Во формацијата 4-3-3 на Гатузо најчесто е подефанзивен од вообичаено, но одлично се надополнува со останатите соиграчи. Победувањето е многу важно за развојот, затоа ми е мило што Елмас веднаш стигна до првиот пехар во дресот на Наполи. Тој знае дека јас многу очекувам од него, тој може да биде лидер, да ги следи стапките на Пандев во репрезентацијата“, изјави Ангеловски.

Наполи вечерва ја пречекува Рома во дерби-дуелот од Калчо-лигата, дуел на кој Елмас би можел да добие шанса од првата минута.

Се вчитува...