Ангеловски го „скрои“ почетниот тим: Со засилен среден ред и Пандев во нападот

Македонскиот селектор Игор Ангеловски, по вчерашниот последен тренинг, се чини го скрои стартниот состав за пресметката од полуфиналниот плеј-оф бараж против Косово во Лигата на нациите. Македонија отворено атакува на триумф кој носи во финалето од баражот за пласман на Европското првенство следната година.

Сосема јасно, без посериозни изненадувања во почетниот тим во однос на претходните натпревари со тоа што Илија Несторовски ќе биде во нападот заедно со капитенот Горан Пандев.

Во засилениот среден ред вообичаено се очекува да бидат Аријан Адеми и Стефан Спировски како последни играчи за врска, заедно со Енис Барди, и Стефан Ристовски и Езгијан Алиоски по крилниот позиции.

Во одбраната, стандардната тројка Дарко Велковски, Висар Муслиу и Кире Ристевски, како последен беден пред повратникот на голот, Столе Димитриевски.

Натпреварот меѓу Македонија и Косово на националната арена „Тодор Проески“ во Скопје стартува од 20:45 часот, со директен пренос и на Македонската телевизија, на каналите МТВ1 и МТВ 3.

Се вчитува...