Ангеловски: Им посакувам на Словенците мирен лет, но и наша победа

Ќе пресуди мотивацијата, желбата, инаетот… Селекторот Игор Ангеловски верува дека фудбалската репрезентација на Македонија може да стигне до триумф на утрешниот квалификациски меч против Словенците.

„Најпрво посакувам Словенците да имаат безбеден лет, тоа е најважно. Што се однесува до мечот, ние единствено сме концентрирани на нашата игра и концентрација да дојдеме до посакуваната победа. Може да кажам дека ќе биде дуел на две репрезентации кои добро се познаваат. Секако самодовербата е на високо ниво и кај двата тима, па верувам дека ќе пресуди мотивацијата, желбата, инаетот… Имаме проблеми со повредите, но знам дека на терен ќе играат 11 подготвени фудбалери за борба, игра и за она што сите го посакуваме – победа“, изјави селекторот Игор Ангеловски на прес – конференцијата во пресрет на мечот.

Се вчитува...