Ангеловски: Имаме проблеми, но ќе дадеме максимум за позитивен резултат

ЕКИПА во Виена,

Никола Ѓуровски

Македонија утре и гостува на Австрија во претпоследното коло од квалификациите за Европското првенство во 2020 година. И покрај големиот проблем со повредите и жолтите картони на стандардните репрезентативци (меѓу кои и последната на Пандев), селекторот Ангеловски верува во сите фудбалери кои ги има на располагање дека ќе дадат максимум за позитивен резултат.

„Австрија беше доминантна во текот на квалификациите, тие се на прагот на пласман на Европско првенство, но ние си ја гледаме нашата работа. Имаме кадровски проблеми, но и рековме дека нема да се жалиме, така и ќе биде, ќе играат тие што се подготвени и јас верувам во нив. Можно е шанса да добијат и некои дебитанти, но ако им е прв меч не значи дека немаат квалитет. Сигурен сум дека утре сите фудбалери ќе го дадат максимумот и ќе одиграат најдобро што знаат. На овие мечеви сакаме да го потврдиме квалитетот и да се подготвиме за полуфиналето на Лигата на нации“, изјави Ангеловски. 

Натпреварот на „Ернст Хапел“ стадионот ќе се одигра утре со почеток во 20:45 часот.

Се вчитува...