Поранешниот селектор на фудбалската репрезентација на Македонија, Игор Ангеловски во изјава за турските медиуми вели дека имал понуда од страна на Фенербахче.
Попуарниот „Мрме“ летово се поврзуваше со потпис со турскиот великан, но на крајот не излезе ништо од тоа. Како што вели самиот имал понуда од страна на Фенербахче, но претседателот на клубот на крај се одлучил за Витор Переира.
„Кога добив понуда од Фенербахче, одлуката на претседателот беше во корист на Витор Переира и така заврши оваа трансфер приказна за мене. Среќен сум што бев еден од кандидатите за тренер на Фенербахче. Да се биде кандидат за тренер на добро познатиот клуб е многу важно затоа што тоа значи дека си го докажал својот квалитет“, вели Ангеловски.
Ангеловски успеа да ја одведе Македонија на историското прво Европско првенство, но по завршувањето на шампионатот ја напушти функцијата селектор во А-тимот и оттогаш е без ангажман.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА