Ангеловски: Македонија може со секого, одиме по првото место

Селекторот на македонската репрезентација, Игор Ангеловски, е задоволен од добиените противници за новото издание на Лигата на Нации. „Црвено-жолтите“ беа првопласирани во групите Д, овојпат се најдоа еден ранг погоре, но повторно добија селекции со кои можат да се надигруваат.

„Најискрено, во овој момент сите мисли и целата концентрација ни е насочена кон натпреварот со Косово. Но, бидејќи веќе ги добивме противниците за новото издание од Лига на нации, согласно нашиот квалитет и прикажаните игри и резултати во изминатиот период, целта на Македонија ќе биде борба за првото место. Во минатите квалификации многупати покажавме дека рамноправно се носиме со било кој противник, а така ќе биде и овој пат. Одиме да го освоиме првото место во групата. На хартија противниците не се атрактивни, но секако поседуваат квалитет. За мене е важно што ние не стравуваме од никого и на секој натпревар ќе одиме на три бода”, порача Ангеловски веднаш по ждребот во Амстердам.

Македонија за ривали во групата Ц2 ги доби селекциите на Грузија, Естонија и Ерменија.

Се вчитува...