Ангеловски: Најважна е победата…

Фудбалската репрезентација на Македонија со победа (2-1) над Ерменија го отвори новиот циклус во Лигата на нации – група Ц. Избраниците на селекторот Игор Ангеловски славеа со 2-1, со два гола од пенал што ги реализираа Езгјан Алиоски и Илија Несторовски. И Ерменија погоди од пенал, а стрелец беше Тигран Барсегјан.

Селекторот Игор Ангеловски вели дека најважна е победата, иако се сложува дека Македонија може и многу подобро од играта што беше прикажана.

„Најважно беше да го добиеме овој прв натпревар кој доаѓа по долга пауза. Нормално е да има осцилации во играта во еден ваков период, па може да сме задоволни од победата. Затоа немам замерки за фудбалерите и мислам дека во овој момент најважни се трите бода. Јас имам замерки за некои кои одлучија да се игра од 15 часот, и уште да ни ги скратат замените на три. Токму поради тие временски услови и не сакавме да форсираме со 200% во вториот дел, затоа што во едни такви услови најважно беше да играме на резултат“, изјави селекторот Игор Ангеловски на прес – конференцијата по мечот.

Се вчитува...