Ангеловски: Не планираме да го предадеме лесно првото место во групата, на победа против Грузија

Селекторот на македонската репрезентација, Игор Ангеловски е оптимистички расположен пред утрешниот натпревар со Грузија од 4. коло во Лигата на нациите, и покрај фактот дека се уште стои разочараноста од изданието против Естонија во Талин.

„Имаме одлична атмосфера без разлика што не го исполнивме планираното. Главната цел во овој циклус ја остваривме пласман во бараж за ЕВРО. Свесни сме каде погрешивме, почнувајќи од мене, на мечот во Талин. Најпрво мислиме на овој натпревар и не планираме да го предадем лесно првото место и без разлика на големиот број отсуства. Сите ќе дадат максимум и се надевам дека ќе стигнеме до победа“, изјави Ангеловски на денешната прес-конференција, притоа дополнувајќи:

„Добро знаете дека со секоја формација бележиме добри резултати. Од тактички аспект беше со Косово да играме со три стопери. Веројатно сме покомпактни кога играме со тројца во линија и ништо случајно и утре да играме така. Од службите на репрезентацијата добив информација дека ден пред меч е натпреварот на младите и дека Руфати смее да игра. На мое инсистирање побарав да испратиме до УЕФА дали смее да игра, а тие ни потврдија дека ден пред натпревар не смее да игра. Побаравме дополнително толкување, но УЕФА е децидна дека ден после натпревар не смее да игра“.

Натпреварот меѓу Македонија и Грузија ќе се игра утре на националната арена „Тодор Проески“ во Скопје со почеток во 20:45 часот.

Се вчитува...