Ангеловски: Не се делевме по ниту една основа, тоа е нашата најголема сила!

Македонија е само на еден чекор од историски пласман на едно големо натпреварување откако во полуфиналето во Лигата на нации го совлада Косово со 2-1. Селекторот на македонската репрезентација Игор Ангеловски не го криеше задоволството од триумфот потенцирајќи го заедништвото како најголема сила на тимот.

„Заслуживме да се израдуваме. Но, се уште ништо не направивме. Вечерва ќе се радуваме, а од утре веќе мислиме на следните два натпревари. Сите ќе дишеме за натпреварот во Грузија. И се надевам дека после 30 години конечно ќе ја видиме Македонија на Европско натпреварување. Не се делевме по ниту една основа и покажавме дека сме сплотени. И се надевам дека во Грузија ќе скокнам уште повисоко“, изјави Ангеловски, притоа дополнувајќи:

„Мора да искажам огромна благодарност до сите фудбалери почнувајќи од капитенот па се до Елиф кој не беше со нас. Покажавме дека може да се вратиме на натпреварот и кога не е баш најдобро. Бевме под силен притисокот од важноста на натпреварот, во други околности верувам дека  ќе победевме многу полесно“.

Историскиот натпревар за пласман на ЕВРО 2021 година Македонија ќе го игра на 12. ноември на гостински терен со Грузија.

Се вчитува...