Ангеловски: Не сум доктор да барам лек за Левандовски

Македонската ракометна репрезентација максимално подготвена го дочекува утрешниот натпревар со Полска, на кој „црвено-жолтите“ ќе се обидат да останат непоразени и на третиот дуел од почетокот на овој квалификациски циклус. Полјаците најавуваат формација со Роберт Левандовски како единствен напаѓач, но селекторот Ангеловски тврди дека колективот може да ги скроти „ѕвездите“ на полскиот состав.

„Не сум доктор да барам лек за Левандовски. Мислам дека е и здрав и способен за игра. Македонија против сите селекции игра тимски и оди на победа. Тоа што е добро не треба да се менува. Ќе излеземе да се бориме за позитивен резултат и уверен сум дека фудбалерите ќе го дадат максимумот“ – истакна Ангеловски.

Дуелот меѓу Македонија и Полска ќе се игра утре со почеток во 20.45 часот на Националната Арена „Тодор Проески“ во Скопје.

Се вчитува...