Ангеловски: Очекувам убава фудбалска претстава против Италија

ЕКИПА во Торино, Италија

Никола Ѓуровски

Македонската фудбалска репрезентација утревечер (20.45 часот) на Олимпискиот стадион во Торино ќе ги одмери силите со Италија, а селекторот Игор Ангеловски очекува убава фудбалска претстава и издание по кое Македонија ќе се израдува на позитивен резултат. Секако, јасно е дека „аѕурите“ се фаворити, но нашиот селектор посакува Македонија да биде конкурентна како и на првиот меч во Скопје.

„Чест ми е што како селектор ќе ја предводам Македонија против четирикратниот светски првак. Ја респектираме Италија, но исто така зрачиме со оптимизам и веруваме дека можеме да бидеме конкурентни како и на првиот натпревар во Скопје и да извлечеме позитивен резултат. Двете земји ги поврзува нашата фудбалска икона, Горан Пандев, кој верувам дека и утревечер ќе биде вистински лидер во нашиот национален тим и ќе им создаде многу мака на Италијанците“, изјави селекторот Ангеловски на официјалната прес конференција во пресрет на утрешниот квалификациски дуел.  

Се вчитува...