Ангеловски од Талин: За Косово доволно прославивме, сега мислиме на Естонија

Фудбалската репрезентација на Македонија пристигна во Талин каде утре (18 часот) ќе игра против Естонија продолжувајќи со обврските од тековниот циклус во Лигата на нации. Намерата на селекторот Игор Ангеловски и на фудбалерите е да се оствари нов триумф и да се цели кон првото место во групата Ц.

„Косово е зад нас, доволно прославивме, но сега обврските се пред нас, веќе сме максимално фокусирани на Естонија. Имаме добар старт во овој циклус од Лигата на нации, се наоѓаме на првото место и сакаме да го задржиме. Сакаме да ги освоиме трите бода на утрешниот меч и да останеме на тоа прво место. Овие мечеви секако треба да ни послужат и како еден вид подготовка за финалето против Грузија на 12. ноември во Тбилиси. Имаме проблеми со повредени фудбалери, но сме имале такви главоболки и во минатото и сме ги решавале на добар начин. Сите кои се тука се ставаат во функција на тимот, можеби некои играчи играле и на неприродна позција на одреден меч, но секогаш давале се од себе за Македонија да оствари добар резултат“, изјави селекторот Игор Ангеловски.

 

Се вчитува...