Ангеловски: Ова е најуспешната година во нашата фудбалска историја

Македонската фудбалска репрезентација го забележа најголемиот скок на ФИФА-листата, но уште поважно е што селекторот Игор Ангеловски и фудбалерите со своите настапи и резултати ја вратија вербата во националниот тим. Севкупно, македонскиот фудбал ја имаше најуспешната година, анализира Ангеловски… Настапот на младиот национален тим до 21 година на ЕП во Полска, организацијата на Суперкупот на УЕФА, меганастан со европски педигре, како и одличните резултати на младинските репрезентации, ја одбележаа изминатата 2017 година. На клупски план, Вардар направи историски исчекор со пласманот во групите од Лигата на Европа.

„Најуспешна година во историјата на македонскиот фудбал. Имавме многу настани, успеси…прв пат една репрезентација играше на Европско првенство, младите селекции постигнаа одлични резултати, Вардар стана првиот наш клуб што обезбеди место во група од Лигата на Европа, Суперкупот на УЕФА е најголемиот спортски настан во нашата спортска историја, а резултатски годината беше најуспешна и за А репрезентацијата со 5 победи, три нерешени натпревари и пораз само од Шпанија. Очите во А репрезентацијата се секогаш вперени, а во 2018 година ќе бидеме сконцентрирани на Лигата на нации. Секој член на репрезентацијата е задолжен за позитивната атмосфера и се надевам дека ќе биде уште подобро. Среќна Нова 2018 година, посакувам многу здравје, среќа и многу радости на фудбалски план“, порача селекторот Игор Ангеловски.

Се вчитува...