Ангеловски: Оваа Македонија никогаш не се предава

Македонскиот селектор Игор Ангеловски е задоволен од начинот на кој неговите избраници успеаја да се издигнат на мечот со Грузија и во финишот да стигнат до реми за останување на првата позиција во групата.

„Овој меч покажа дека Македонија никогаш не се предава. Без разлика на се и таму се навикнавме со играч помалку, сега ни поведоа но се вративме и повторно покажавме карактер… Браво за сите почнувајќи од капитенот, па до секој фудбалер за максимална борбеност до крај. Не е чесно да се играат три меча, кој со аналгетици кој со повреди стегна заби, но на крајот мислам ја остваривме целта. Ние и после овој циклус сме први во групата. Јас практикувам да ги повикам сите на кои сметам. За ноемврискиот натпревар со Грузија ќе повикам 23 фудбалери кои ќе бидат подготвени за тој меч… Неблагодарно е во овој момент да кажам дали ќе бидат сите подготвени за Грузија. Им посакувам на сите добро здравје бидејќи гледате каква е ситуацијата со коронавирусот. Се надевам дека тоа ќе не одмине и ќе ги имаме сите на кои сметам“ – истакна Ангеловски на прес-конференцијата.

Што се однесува до грешката на Столе Димитриевски…

„Јас никогаш индивидуално не критикувам. Побарав од него да игра со нога и тоа се слушна и на преносот. Мислам дека требаше да ја исфрли со нога“ – дополни селекторот Ангеловски.

Се вчитува...