Ангеловски планира неколку ротации, Пандев ќе биде на клупата?

Фудбалската репрезентација на Македонија вечерва (18 часот) на „Ле Кок арена“ во Талин ќе игра против Естонија и ќе атакува на нов триумф, три бода со кои сака да се зацврсти на првото место во групата од Лигата на нации. Се чувствува заморот кај фудбалерите од исцрпувачкиот меч против Косово, па селекторот Игор Ангеловски планира да го освежи тимот. Дел принудно, дел со план.

Ангеловски планира неколку замени во составот на тимот што играше против Косово. Столе Димитриевски повторно ќе биде на голот, а Стефан Ристовски е најавен дека ќе игра и тоа на стоперската позиција. Тој има повреда на прстот на ногата, но лекарскиот тим ќе подготви за настап. Стрелецот на победничкиот гол Дарко Велковски ќе биде дел од стоперското трио заедно со Кире Ристевски.

На Барди во средината ќе му се придружи Стефан Спировски, Езгјан Алиоски стандардно ќе биде по левата страна, а десно ќе делува Бобан Николов. Пред нив како офанзивен играч за врска ќе биде распределен Ферхан Хасани

Капитенот Горан Пандев, според планот, треба да почне од клупата и да влезе во вториот дел, кога ќе се крши резултатот. Во нападот шанса треба да добијат Александар Трајковски и Иван Тричковски.

Се вчитува...