Ангеловски: Полска не доби со еден шут, но сега не ни треба депресија

Фудбалската репрезентација на Македонија по две години загуби на домашен терен од Полска (0-1), првиот фаворит во квалификациската група.  Кога нема да се постигне гол, а ќе се прими на безмалку наивен начин, со слаба реакција на комплетната одбрана, јасно е дека селекторот Игор Ангеловски не може да биде задоволен, посебно од резултатот.

„Полска не доби со еден шут на гол. Поразот секако боли. Оваа игра требаше да биде наградена барем со еден освоен бод. Но, фудбалерите го извлекоа максимумот, покажаа максимална борбеност и за тоа беа награденисо аплауз по мечот и покрај загубениот натпревар. Примивме гол на самиот почеток на вториот дел, по една лошо исфрлена топка и слаба реакција. Имавме три одлични шанси, две во првиот дел, кога Несторовски мораше побрзо да реагира и да реализира, потоа ударот со глава по корнер, и при крајот кога Алиоски можеше да погоди по одличната одбрана на Фабијански. Сега не ни треба депресија, имаме веднаш нов натпревар. Благодарност и до публиката која дојде во голем број и ни даде голема поддршка“, изјави селекторот на Македонија, Игор Ангеловски.

Македонија в понеделник ќе игра против Австрија на домашен терен.

Се вчитува...