Ангеловски: Пресудија искуството и квалитетот на Полска

ЕКИПА во Варшава,

Владимир Булатовиќ

Фудбалската репрезентација на Македонија не успеа да ја освои Варшава, потклекна во финишот на дуелот со Полска и загуби со 2-0. Со тоа се загубени и реалните шанси за пласман на ЕП 2020 преку групата. Селекторот Игор Ангеловски вели дека сепак пресуди искуството и квалитетот на полскиот состав.

„Немам никакви забелешки за фудбалерите. Им честитам на Полјаците за победата, ние се обидовме со многу борба да ги дополниме отсуствата во тимот. Пресуди искуството и квалитетот на Полска, која постигна гол во моменти кога се ослободивме од притисокот. Не чекаат уште два натпревари во овие квалификации, и ќе ги искористиме да завршиме што подобро на табелата. Австрија и Израел сега ќе ни бидат како подготовка за она што не чека во Лигата на нациите следната година“, изјави селекторот Игор Ангеловски на прес – конференцијата по мечот.

Се вчитува...