Ангеловски: Разочаран сум…, дадов шанса на некои играчи, но…

Македонскиот селектор Игор Ангеловски искажа разочараност од бодот на гостувањето против Естонија во третото коло од Ц лигата во УЕФА Лигата на нациите.

Ангеловски истакна дека одлучил да им даде шанса на играчи кои инаку имаат помала минутажа, но…

„Разочаран сум од бодот. Со нашиот квалитет моравме да победиме, но честитки до Естонија која погоди три пати. Ние имавме шанса кога се вративме на 3-3, но заврши натпреварот. Играчите беа дел од натпреварот со Косово, сакав да им дадам можност, со цел да одморам дел од главните играчи во тимот. Мечот со Косово беше многу важен, па затоа им дадов шанса на останатите играчи. Мое е да им понудам игра, а нивно е дали ќе ја искористат“ – истакна Ангеловски на прес-конференцијата во Талин, притоа дополнувајќи:

„Натпреварот имаше убав ритам со шесте голови. Жал ми е што примивме три гола, промашивме пенал, двата тима играа одлично, а особено Македонија во финишот од средбата. Задоволен сум од последните 30 минути од натпреварот, успеавме да избегнеме пораз, ама јас не сум задоволен. Со оглед на резултатот на Грузија и Ерменија, ќе бевме многу поблискуу до првото место во групата. Сепак, има уште три натпревари до крајот и ќе дадеме се од себе да стигнеме до првото место“.

Се вчитува...