Ангеловски: Се под три бода би било неуспех од дуелите со Израел и со Летонија

Македонскиот селектор Игор Ангеловски е задоволен што ќе ги има на располагање речиси комплетните македонски сили за квалификациските натпревари против Израел и против Летонија во квалификациите за ЕП 2020.

Ангеловски вели дека не чека тежок противник како Израел, против кој, во секој случај, мора максимално да се подготвиме за надигрување…

„Списокот е безмалку без некои посериозни промени во однос на претходните натпревари. Ги нема Стефан Ристовски поради повреда и Ферхан Хасани кој е без клуб, додека Дарко Чурлинов овојпат ќе биде со селекцијата до 21 година. Комплетни ќе бидеме дури во Израел каде директно ќе се приклучат поголемиот дел од фудбалерите кои имаат натпревари во недела вечер. Наша база во Израел ќе биде Ашдод, каде верувам ќе имаме добри услови за подготовка за натпреварот кој не очекува“ – истакна Ангеловски на денешната средба со медиумите притоа осврнувајќи се на мечот кој не очекува против Израелците.

„Израел има одредени промени во тимот и нов селектор Херцог. Ќе ги анализираме добро и се надеваме дека ќе избориме позитивен резултат. До пред две недели бев загрижен за дел од дефанзивците кои немаа минутажа, но сега се во ритам и Дарко Велковски, и Алиоски и Муслиу во новиот клуб во Унгарија, што е навистина позитивно за нас“.

Што се однесува до резултатскиот ефект од престојните два квалификациски натпревари, Ангеловски со став…

„Сигурно не би бил задоволен ако освоиме под три бода од овие два натпревари. Три бода би било добро, над три бода многу добро“ – вели Ангеловски.

Првиот собир на репрезентацијата пред новите квалификациски дуели е закажан за 2. септември (понеделник) од 12 часот во хотелот Парк во Скопје.

Натпреварот против Израел се игра на 5. септември во Бер Шева, а дуелот против Летонија е на 9. септември во Рига.

Се вчитува...