Ангеловски: Сега ни требаат ладни глави и триумф против Словенија за пробив на второто место

ЕКИПА во Рига, Летонија

Никола Ѓуровски

Македонскиот селектор Игор Ангеловски искажа задоволство од победата против Летонија и освоените четири бода од септемврискиот репрезентативен собир во квалификациите за ЕП 2020.

„Најважно е што успеавме да славиме против Летонија. Имавме шанси и за поубедлив триумф, но бодовите се најважни. Сега да се надеваме дека ќе имаме супер реализација на следниот натпревар против Словенија во Скопје“ – истакна Ангеловски на прес-конференцијата по средбата во Рига, притоа дополнувајќи:

„Кога ќе се сумира се по овој репрезентативен собир, може да жалиме за двата бода од Израел. Ќе имавме максимални шест, но и вака сме во игра иако многумина не отпишаа. Сега ни требаат ладни глави во репрезентацијата, а полни трибини затоа што победа над Словенија во следното коло не носи можеби и на второто место“ – рече македонскиот селектор.

Се вчитува...