Ангеловски со очекуваниот состав: Барди во средниот ред, Пандев и Несторовски во нападот

ЕКИПА во Букурешт, Романија

Владимир Булатовиќ

Македонската репрезентација ќе настапи во очекуваниот состав на натпреварот против Романија на Националната арена во Букурешт, на стартот од квалификациите за СП 2022 во Катар.

Македонија ќе игра во речиси идентичниот состав од Тбилиси кој обезбеди настап на ЕВРО 2020, со тоа што на местата на повредените Адеми и Дарко Велковски, ќе бидат Енис Барди и Кире Ристевски.

Во нападот, Пандев и Несторовски, а веднаш зад нив Елиф Елмас.

Се вчитува...