Ангеловски со очекуваниот состав за мегдан: Во 3-5-2 контра Израелците!

ЕКИПА во Хаифа, Израел

Владимир Булатовиќ

Македонскиот селектор Игор Ангеловски во очекуваниот состав со претходно најавената формација 3-5-2 ќе се спротистави на Израел во квалификацискиот натпревар за пласман на СП 2018 кој го играме од 20:45 часот на „Сами Офер“ во Хаифа.

Во одбраната, пред голот на Столе Димитриевски, Македонија ќе биде со Дарко Велковски, Висар Муслиу и Кире Ристевски, како последни играчи за врска Бобан Николов и Стефан Спировски, по крилните позиции Стефан Ристовски, на десната, и Езгијан Алиоски на левата страна.

Во офанзивниот среден ред ќе биде Енис Барди, а во самиот напад сосема очекувано капитенот Горан Пандев и Несторовски.

Се вчитува...