Ангеловски: Со победа против Израел да го заокружиме одличниот квалификациски циклус

Фудбалската репрезентација на Македонија против Израел на домашен терен ќе ги заокружи настапите во квалификациите за Европското првенство 2020 година. Пред последниот натпревар во групната фаза во кој Македонија со победа ќе го забележи најдобриот пласман во историјата на квалификациите за големите натпреварување, селекторот Игор Ангеловски

„Кога се игра за репрезентацијата секогаш посакуваме поддршка од трибините. Така беше на претходниот натпревар, и секако сакаме исто да биде и сега со Израел. Ние сме подготвени да го дадеме максимумот и со победа да го заокружиме овој циклус. Секој натпревар е различен, и сигурно нема да биде ист дуел како во Израел, но ние добро се познаваме со противникот и не верувам дека ќе има некои поголеми изненадувања. Утре ќе истрчаат на терен најподготвените и верувам дека ќе стигнеме до победата, и тоа посакувано трето место во групата“, изјави Ангеловски. 

Натпреварот меѓу Израел и Македонија ќе се одигра утре на арената „Тодор Проески“ во Скопје со почеток во 20:45 часот.

Се вчитува...