Ангеловски со тајм-аут на годината: „Што играте кој к*р, ова ли е ракомет?“ (ВИДЕО)

Еурофарм Пелистер и Вардар играат неизвесно прво полувреме во 1. коло од плеј-офот во ракометната Суперлига.

Првото полувреме изобилува со тврда игра и силни одбрани на сите страни, а покрај рововската битка првото полувреме го одбележа и тајм-аутот на тренерот на битолчани Бранислив Ангеловски.

Тој без многу размислување распука во своите ракометари велејќи им „Што играте кој к*р, ова ли е ракомет?“

Се вчитува...