Ангеловски: Среќни сме што ќе играме во градот што ни го подари Горан Пандев

Фудбалската репрезентација на Македонија утревечер ќе ја пречека Албанија на стадионот „Младост“ во Струмица, а селекторот Игор Ангеловски верува дека нашиот национален тим ќе ја прикаже најдобрата игра во овие квалификации. По триумфот во Израел (0-1) атмосферата во македонската селекција е на највисоко ниво, а селекторот е среќен што Македонија ќе игра во Струмица, градот што ни го подари најдобриот македонски фудбалер Горан Пандев.

press rep. na makedonija (4)

„Среќни сме што ќе играме во Струмица, градот што ни го подари нашиот најдобар фудбалер Горан Пандев. Верувам дека утре ќе го одиграме најдобриот натпревар во овие квалификации, токму против нашиот западен сосед. Не размислувам кој е фаворит, туку да се претставиме во најдобро издание. Атмосферата во националниот тим е на највисоко ниво и сите сме подготвени да го дадеме максимумот. Верувам дека македонската публика ќе ни ја даде неопходната поддршка и дека ќе оствариме позитивен резултат. Се уште не сум го одредил составот, но верувајте дека ќе биде офанзивна формација, која ќе треба да ни донесе победа“, изјави селекторот Игор Ангеловски на прес – конференцијата во пресрет на утрешниот натпревар.

Се вчитува...