Ангеловски: Утре играме за нешто големо, може се да ни земат ама борбата и срцето за успех никогаш!

ЕКИПА во Варшава,

Владимир Булатовиќ

Македонскиот селектор Игор Ангеловски оптимистички го очекува новиот квалификациски натпревар во обидот за продолжување на европскиот сон. Полска е повеќе од силен предизвик за националниот тим, но огромна е самодовербата меѓу репрезентативците по триумфот над Словенија, верувајќи дека може да одиграат нов квалитетен натпревар и да го изненадат големиот фаворит.

„Шансите за позитивен резултат се онолкави колку што ќе се избориме на терен. Носиме голем респект за Полска, но апсолутно ние утре ќе играме за нешто големо и може се да ни оспоруваат противниците но не може да ни ја скратат борбата за националниот тим, за својата земја, за себе. И утре знам дека момците повторно ќе го дадат максимумот за да дојдеме до неопходното. А, како ќе биде ќе видиме утре“ – истакна на официјалната прес-конференција Ангеловски.

Македонскиот селектор истакна дека не сака да ги открива картите за игра на утрешниот дуел, но верува дека секој кој ќе истрча на терен ќе го даде максимумот…

„Се соочуваме со проблеми како и пред мечот со Словенија. Има повредени фудбалери па затоа до последно ќе го очекувам лекарскиот извештај за да видам на кои фудбалери ќе може да се смета. Но, верувајте и Стефан Ристовски, и Адеми и Алиоски и сите останати кои се соочуваат со повреди знаат за историскиот момент во кој се надеваме и даваат повеќе од се за оваа репрезентација. Затоа јас сум горд на сите нив, ме восхитуваат од секој можен аспект“ – рече Ангеловски на прес-средбата со Варшава со македонските и полските медиуми.

Неизвесен е настапот на Аријан Адеми кој не одработи ниту еден тренинг во Полска, Стефан Ристовски се чувствува добро пред мечот иако имаше исцрпувачки настап против Словенците, а Алиоски и Тричковски се очекува да бидам во комбинација.

Се вчитува...