Мрме не губи надеж: Верувам дека можеме да се извлечеме од оваа ситуација

Хрватскиот тим Горица, и натаму ја чека првата победа во првенството под палката на поранешниот селектор Игор Ангеловски – Мрме. Ангеловски освои само еден бод досега, а тимот е закован на дното на табелата.

Токму поради тоа Ангеловски дал оставка после поразот од Локомотива, но истата не му била прифатена, но екс селекторот е убеден дека работите може да се средат.

„Од професионални и од морални причини почувствував дека морам до претседателот Чрнко да поднесам оставка. Но претседателот ја одби, и се договоривме да решиме некои работи за да се извлечеме од оваа ситуација, а верувам дека можеме“, рече Ангеловски, кој утре гостува на „Пољуд“ во Сплит кај Хајдук. 

„За Хајдук не треба мотивација. Доаѓаме во атмосфера и играме против клуб кој знаеме што значи во хрватскиот фудбал. Игравме против нив неодамна, и тогаш покажавме дека можеме да се носиме со секого, и се држевме добро до 98. минута. Не очекува нов натпревар, сега немаме што да загубиме, можеме само многу да добиеме“, рече популарниот Мрме. 

Се вчитува...