Ангеловски: Во ситуација сме за борба за првите места, сакаме победа против Словенија

Македонија, сосема очекувано, главно со истите сили од претходниот септемвриски собир ќе им се спротистави на Словенија (10. октомври во Скопје) и на Полска (13. октомври во Варшава) во новиот квалификациски мини-циклус овој месец.

Селекторот Игор Ангеловски верува дека неговите избраници ќе одиграат квалитетни натпревари во битката за водечките позиции на табелата во групата.

„Списокот не е многу променет, го нема Дарко Велковски, а се враќаат Тошевски и Стефан Ристовски. Бејтулаи нема право на настап на првиот меч против Словенија но ќе биде во комбинација за средбата со Полска, а Барди е повреден но ќе го чекаме до последен момент“ – истакна Ангеловски, притоа дополнувајќи:

„Верувам дека тимот ќе го издржи овој мини циклус, уживаме што сме во ситуација да се бориме за позициите горе во групата. Најважно е да сме фокусирани, да го имаме нашето најдобро издание и да оствариме победа. Мислам дека можеме тоа да го оствариме“.

Собирот на репрезентативците е закажан за 7. октомври кога стартуваат подготовките во Скопје.

Се вчитува...