Ангеловски: Во Скопје паѓале и поголеми репрезентации од Полска и од Австрија

Полска и Австрија се фаворити во дуелите со Македонија ако се земе во предвид рејтингот на селекциите, но во таборот на нашиот национален тим владее оптимизам дека може да се стигне до позитивен резултат и на двата натпревари. Факт е дека репрезентацијата игра се подобро од натпревар во натпревар, во првите две кола собра четири бода, што дава право за уште поголем оптимизам пред следните две домашни средби.

Целта ја остваривме за првиот дел од подготовките. Тие што имаа повреди ги ставивме на максимум и сега комплетирани може сите да тренираме. Успешно се санирани повредите кај фудбалерите, па сега сакам само да не одминат тие повреди и комплетни да играме и со Полска и со Австрија после тоа. Со сиот респект кон Полска и кон Австрија, но во Скопје паѓале и поголеми репрезентации. Јас само се надевам дека со поддршка од публиката која ќе им даде крилја на овие фудбалери, зашто тие тоа го заслужија, уште еднаш ќе ја израдуваме Македонија“, истакнува селекторот Игор Ангеловски.

Македонија ќе ја пречека Полска на 7 јуни, а три дена подоцна нашите фудбалери ќе бидат домаќини и на селекцијата на Австрија.

Се вчитува...