Ангеловски за „КалчоНаполи“: Елмас е калибар за Реал, Барса, ПСЖ…

Елиф Елмас е херојот на Македонија, крвникот на Словенија и мегачудо во Италија. 19-годишното момче е меѓу фудбалерите со најголема вредност во Серија А, Наполи во него сега има вистински дијамант, а селекторот Игор Ангеловски во интервју за „КалчоНаполи“ објавено и во весникот „Il Mattino“ вели дека Горан Пандев е најдобриот македонски фудбалер во историјата, а Елмас ќе биде негов наследник и веќе го следат Реал Мадрид, Барселона, Пари Сен Жермен…

„Горан Пандев е најдобриот во историјата на Македонија. Тоа е фудбалерот кој напиша историја во македонскиот фудбал. Елиф Елмас сега ќе ги следи неговите стапки. Мислам дека може да испише значајна историја и со тимот на Наполи. Има силен карактер, работи напорно и има елитен тренер во Карло Анчелоти кој ќе го усовршува. Елиф Елмас е мегаталент кој веќе го следат Реал Мадрид, Барселона, Пари Сен Жермен. За него нема лимити“, вели селекторот Игор Ангеловски.

Двата гола на Елиф Елмас и триумфот на Македонија над Словенија одекна силно и на Апенините. Италијанските медиуми го глорифицираат

„Тоа што го видовме против Словенија е блесок на еден од најголемите таленти во Европа. Беше тоа посебна ноќ. Сега не очекуваат уште три тешки натпревари до крајот на квалификацискиот циклус. На третата позиција сме во групата и имаме шанси за пласман на ЕП 2020“, истакнува Игор Ангеловски во интервјуто за италијанските медиуми.

Се вчитува...