Елиф Елмас го постигна својот прв гол на домашен терен за Наполи, стрелајќи прецизно во убедливиот триумф над екипата на Џенова. Задоволен од одличната форма на „дијамантот“ е и македонскиот селектор Игор Ангеловски, кој во изјава за италијанското „Радио Кис Кис“ потенцираше дека за Елмас е одлично што Џенаро Гатузо решил да ја промени формацијата и веќе не инсистира на 4-3-3, тактика со која Наполи играше цела ланска сезона.
„Зборував со Елиф по мечот со Џенова, му честитав на голот и на одличната партија. Кога ќе се победи со 6-0 честитки заслужува целиот тим, се гледа дека Наполи како колектив напредува од меч во меч, со самото тоа и Елиф. Можам да кажам дека тој е многу среќен што Гатузо ја смени формацијата и сега игра 4-2-3-1, тоа е тактика во која Елмас може да покрие повеќе позиции и да му помогне на својот тим“, изјави Ангеловски за „Кис Кис“.
Следен предизвик за „наполитанците“ е големото дерби против Јувентус, меч на кој Елмас најверојатно ќе добие шанса од првата минута, по повредата што на дуелот со Џенова ја заработи капитенот Лоренцо Инсиње.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА