Ангеловски: Заслуживме бод, игравме со играч помалку, а најдоброто од Македонија треба да биде против Косово

ЕКИПА во Тбилиси,

Владимир Булатовиќ

Фудбалската репрезентација на Македонија со бод се враќа од Тбилиси, одигра 1-1 против Грузија иако речиси половина час играше со фудбалер помалку поради исклучувањето на дефанзивецот Висар Муслиу. Селекторот Игор Ангеловски вели дека бодот е апсолутно заслужен и остварен по тежок терен за игра.

„Тежок натпревар, со многу тактички надмудрувања. Сакам да им честитам на фудбалерите кои одиграа тежок дуел, игравме половина час и со играч помалку, па заслужено на крај стигнавме до бод. Овие два натпревари, реков и претходно, ќе ни бидат важни да видиме до каде сме по една долга пауза. Мини циклусот го завршуваме со четири бода и јас сум задоволен иако знам дека овие не се нашите најдобри изданија. Знам дека најдоброто од момците ќе биде на 8.октомври против Косово. Сакам само да бидат сите фудбалери на располагање здрави, и во овој корона-период, и знам дека ќе бидеме најдобри со Косово“, изјави селекторот Игор Ангеловски на прес – конференцијата по натпреварот во Тбилиси.

Се вчитува...